На 30. септември - Одбележување 114 години од смртта на револуционерот Ангел Винички

28 Сеп 2016
693 пати

Во петок , 30-ти септември, општинскиот одбор на Сојузот на борците на Општина Виница организира одбележување

на 114 годишнината од загинувањето на виничкиот револуционер Ангел Винички. Одбележувањето се организира пред спомен плочата на Ангел Винички во село Драгобраште. Пред спомен плочата ќе се положи цвеќе, а за значењето на Ангел Винички ќе зборува секретарот на Општинскиот одбор на Сојузот на борците на Виница, Тодор Димитров.
Настанот во село Драгобраште треба да започне во 11,30часот .

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.