Библиотека „Искра“ – Поети од Крива Паланка, Штип и Кочани на средба во МКЦ

11 Окт 2021
303 пати

ЈОУ Библиотека Искра и ЛК Копнеж викендов организира поетска средба. Настанот се одржа во Мултикултурниот центар во Кочани.

„На наше големо задоволство, денешни наши гости – пишувачи и почиттувачи на убавиот пишан збор се членовите на ЛК ‘Калин’ при Центарот за култура од Крива Паланка и членовите на здружението на граѓани ‘Искра’ од Штип“, рече, Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, вработена во Библиотеката „Искра“ , која учесниците и гостите ги водеше низ програмата.

2.jpg
Непосредно пред настапот на поетите од Кочани, Крива Паланка и Штип, роднокрајниот автор, Славица Цветкова, се осврна на животот и делот на Блаже Конески, бидејќи, како што рече Ѓорѓиевска Атанасова, тоа е неизбежно во моментите кога се одбележува 100 годишнината од раѓањето на великанот на македонската книжевност.

7.jpg
Потоа следуваше читањето поезија на авторите од трите града од истокот на Македонија.

4.jpg

5.jpg

1.jpg

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)