По подолго време, во Кочани прекрасен концерт

30 Сеп 2021
599 пати

   Вечерва во мултикултурниот центар во Кочани се одржа концерт во изведба на "Трио Интермецо". Интерпретираа Александра Коцевска - мецосопран, Богдан Пејиќ - гитара и Божидар Пејиќ - виолончело. Со своја изведба настапи и Теодора Пејиќ - мецосопран.
   Присутните љубители на класична музика, презадоволни со силен аплауз ги наградија врвните музичари и овој несекојдневен настан во Кочани.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)