Фондација „Славко Јаневски“ - Роман на годината за „Скриени желби“ на Јанковски

17 Авг 2021
221 пати

Свеченото врачување на наградата Роман на годината, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција

на културните вредности „Славко Јаневски“, ќе се одржи утре (среда, 18 август) на платото пред Младинскиот културен центар во Скопје, со почеток во 20.30 часот. Годинашен лауреат е романот „Скриени желби, немирни патувања“ на Владимир Јанковски („Антолог“, 2020). Годинашната петчлена жири-комисија, во состав Оливера Николова (претседател), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Грозданоски и Катерина Богоева, со мнозинство гласови го избра овој роман, во конкуренција на 40 пристигнати романи.
Генерален покровител на наградата е „Комерцијална банка“ АД Скопје, а наградата е поддржана и од Министерството за култура на Република Северна Македонија. Наградата се состои од оригинална статуетка, плакета и паричен износ од 150.000 денари.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)