Виница – Отворена изложба од академскиот сликар Темков

31 Јул 2021
276 пати

Минатата вечер официјално е отворена самостојната ликовна изложба под наслов

,,Бојата на небото и водите во Тиквешијата, чиј автор е Владимир Темков.
„Длабоко сме уверени дека оваа изложба ќе остане во едно убаво сеќавање со нагласена уметничка индивидуалност со висок и оригинален ликовен дофат“, наведено е во објавата на фб страницата на Општина Виница. Изложбата е поставена во фоајето на општинската зграда.
Владимир Темков е роден во Кавадарци во 1959 година. Средно уметничко училиште, Педагошка академија и Факултет за ликовни уметности завршува во Скопје, каде и магистрира. Реализирал бројни самостојни изложби во земјата и во странство, а бил дел и од голем број на групни претставувања.
Изложбата, виничани ќе можат да ја погледнат во наредните две седмици.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)