Вечерва концерт на „Кочани оркестар“ во Загреб

20 Фев 2015
707 пати

Најценетата македонска етно џипси брас атракција, „Кочани оркестар“, ќе гостува

во срцето на хрватската метропола, загрепскиот Green Gold Club.
Настапот ќе се случи вечерва, а публиката очекува одлична забава и врвни импресии од музичките акробации на овој наш состав, стои во текстот на вистина.мк, портал кој прв ја објави оваа информација.
„Кочани оркестар“ многу голема важност и придава на изворната македонска музика, а на нивните концерти освен самото етно, може да се ужива и во обработки на најголемите светски хитови. Освен во регионот овие музичари можат да се пофалат со гостувања ширум светот, од САД, преку Канада, па се до Франција, Италија…
Секој настап на „Кочани оркестарот“ е приказна за себе и нов музички спектакл, а просторот каде што свират секогаш е исполнет до последното место.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.