ден на литература за деца, минатата недела, во Мултикултурниот центар во Кочани се одржаа повеќе промоции на дела од творештво за деца.
На 2 април, беа промовирани три книги на авторката Жаклина Мучева, „Трилогија Деби Му“ на издавачката куќа „Едука Мак“.
Во присуство на уредникот на издавачката куќа „Македоника литера“ Нове Цветановски, пак, пред публиката беа промовирани и седум книги на најчитаниот кинески писател за деца, Шен Шенси.
– Промовираме нова едиција со исклучително квалитетни книги за деца и млади. Станува збор за едицијата со новели и раскази за животни од најпознатиот и најпродаваниот кинески писател за деца и млади, Шен Шенси. Тој, инаку, е познат како крал на приказните за животни, рече Нове Цветановски, уредник на издавачката куќа „Македоника литера“. Промотор на овој настан беше, Љупка Стојменова, наставник по македонски јазик во ОУ „Никола Карев“.
Пред одржувањето на последните две промоции, беа доделени и наградите од Ликовниот конкурс на тема „Музиката на зборовите“ како и благодарници за соработниците на библиотеката „Искра “ – Кочани.