Симон Трпчевски и Горјан Петревски во Кочани

30 Мар 2021
328 пати

    По повод 2ри април ден на одбележувањето на литература за деца, гости во мултикултурниот центар "Ленин" во Кочани беа маестро Симон Трпчевски и писателот за деца Горјан Петревски.

    Која е поврзаноста помеѓу овие двајца македонски амбасадори, многу значајни за нашата земја и светот? Тоа е делото "Сама" од Горјан Петревски, чиј што лик, Симеон е инспириран токму од Трпчевски, светски познатиот пијанист.
Водеа дискусија, разговараа за книгите, за детството, за секојдневието. Беа задоволни од одличната организација на библиотека "Искра" и општина Кочани. Настанот се одвиваше според сите протоколи. Гостите беа пречекани со свирење на пијано од ученик на ООМУ "Ристо Јуруков" и мала мини-драма, извадок од "Сама" одиграна од ученик и ученичка. 

    Гостите добија благодарници и подарок книги од библиотека "Искра", а писателот Горјан им подари книги на најмладите творци. На крај, маестро Симон Трпчевски ги почести присутните со две композиции.
   
    Симон Трпчевски го посети и ООМУ "Ристо Јуруков" каде и таму изведе композиција пред наставниците и учениците - информираше наставникот Душан Стојанов.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)