Во организација на библиотеката „Искра“, а со поддршка од Министерството за култура и од локалната самоуправа, под мотото „Другарувањето со книгите ни е песна“, во Кочани по десетти пат се реализира Фестивалот на децата, книгите и музиката. Во рамки на четиридневната манифестација, денеска се одржа литературна средба на писателот Горјан Петрески со најмладата читателска публика од Кочани. На средбата присуствуваше и македонскиот пијанист со светско реноме Симон Трпчески, кој е главен лик во делото „Сама“ на Петрески. -Преку литературната средба на тема „Љубовта кон зборот и музиката остава трајни вредности во културата“ сакаме да ги афирмираме трудољубивоста, доследноста и упорноста, како карактерни особини на истакнатиот македонски пијанист, кој е инспирација за стожерениот лик во романот на Петрески. Идејата е да придонесеме за правилен образовен, културен и социјален развој на децата и на младите, истакна Магдалена Кочовска-Салтирова, координаторка на проектот. Пијанистот Трпчески пред младата читателска публика нагласи дека најголемата поддршка во животот се родителите и топлата семејна атмосфера во која детето може да израсне во стабилно човечкото суштество. – Среќен сум што целото образование го комплетирав во Македонија, од неа тргнав и го освоив светот. Благодарен сум на иницијативата за оваа средба, за да им помогнеме на младите полесно да се пронајдат себеси. За тоа е потребно избистрување на желбата, истрајна работа и посветеност, како и постојано да се трудат да ги остварат сопствените цели, истакна Трпчески.
Четиридневно одбележување на Меѓународниот ден на литературата за деца во Кочани
Последни објави radiokocani.mk
- Оризопроизводителите ќе може да набавуваат комбајни, средствата се од програмата за рурален развој...
- Писмено известување од Пејпар Мил...
- Заврши асфалтирањето на Станбената улица во централното градско подрачје...
- Приведени две лица во Кочани при обид за тешка кражба...
- Започна Рамазан – Градоначалникот Димитров повика на меѓусебно разбирање