Виница – Арт варијации во „Тошо Арсов“

30 Мар 2021
85 пати

Во изложбениот салон на Дом на култура Тошо Арсов -Виница ,без класично отварање, се поставени дела од

4 -та Ликовна колонија „Арт варијации – Стари поток 2020“ во организација на Здружението за култура, општествени дејности и наука „Стари поток“ од Кочани која се одржа во месец септември 2020 година, информира Локалната самоупр на Виница. На колонијата се изработени 20 дела во акрил и масло на платно. Претходните три колонии беа од меѓународен карактер, но поради настанатата состојба со вирусот, во 2020 година на колонијата учество зедоа ликовни творци од Македонија и тоа: Мики Трендафиловски, Трајан Трајковски ,Александар Стефановски , Благица Стојановска , Слаџана Гаврилова, Нина Савева ,Марио Дејанов ,Наде Ѕмбова Донева, Елизабета Зафирова Стојанова и Марија Дончева .

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)