Промовирана „Идентитет и суверенитет“ на Димитар Мирчев

09 Фев 2015
1356 пати

Новата книга на проф. д-р Димитар Мирчев, „Идентитет и суверенитет“, денеска беше промовирана во

Кочани. Во соработка со Библиотеката „Искра“, Клубот „Ротари“ од Кочани и книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје го организираа овој настан, кој повеќе претставуваше отворена трибина со граѓаните, отколку класична промоција.
За Димитар Мирчев на почетокот зборуваше директорката на кочанската Библиотека, Сузана Ѓоргиева, а улогата на промотори на авторот и делото ја имаа Бранко Цветковски и Братислав Ташковски.
Ова е трета книга на Мирчев, во која се пишува за процесот на независност и за македонскиот национален идентитет, за кој професорот смета дека не е целосно признаен. Своите тези во книгата ги поткрепува со анализа на документи од американски, германски, француски и од други извори од 18 и од 19 век.
Во Кочани Димитар Мирчев ја кажа својата визија за моментите на распадот на поранешната држава и она што тогаш го правеле македонските политичари и партии. Пред присутните, авторот на „Идентитет и суверенитет“ истакна дека и во раните деведесети и сега на Македонија и недостасува национална стратегија, за разлика од нашите соседи кои имаат и работат на оспорување на Македонија и на Македонците. Според него нема ниту план „Б“ што ако и понатаму останеме надвор од ЕУ и НАТО.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.