Во чест на Денот на мајчиниот јазик – Книги за минувачите, на дрворедот мисли и цитати од еминентни писатели и интелектуалци

20 Фев 2021
243 пати

Ученци од ОУ Никола Карев на штанд подаруваа книги од познати макеонски автори, а на дрворедот на кејот на Кочанска река поставуваа мисли и цитати од

афирмирани писатели и интелектуалци од нашата држава и светот, кои зборуваат за значењето на мајчиниот јазик. На тој начин, тие го одбележаа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 Февруари.
Оваа активност ја организираше ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани.

 

„ ДенесDSC01369,1.jpgка подаруваме книги на македонски јазик на граѓаните на Општина Кочани. Со нив и бележници за книги во чест на одбележување на 21 Февруари, Денот на мајчиниот јазик. На дрворедот покрај кејот на Кочанска река учениците поставија мисли и цитати од познати интелектуалци од Македонија и светот, коишто се поврзани со негувањето и промоција на мајчиниот јазик. Библиотеката ‘Искра’ во соработка со основното училиште „Никола Карев“ ја реализираше оваа активност за одбележување на Денот на мајчиниот јазик.

 

Од ООDSC01371,1.jpgУ ’Никола Карев’ учествува ученици од VII-2 одделение и тоа, Илијана Јорданова, Ива Јованова, Ненад Ефтимов и Ненад Ангелов, заедно со менторот и наставник по македонски јазик, Љупка Стојменова“, рече пред новинарите од локалните медиуми, Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, библиотекар во кочанската Јавна општинска установа.

 

DSC01367,1.jpg
Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е прогласен од страна на УНЕСКО во 1999 година, а веќе од наредната 2000 година е промовиран како ден на лингвистичката и културната разновидност и мултилингвизмот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)