Подрачна библиотека во Оризари – Прогласени најдобрите читатели на годината

23 Дек 2020
229 пати

ЈОУ Библиотека ,Искра и подрачната библиотека во нас.Оризари секоја година на 23 април го одбележува

светскиот ден на книгата и авторското право, па покрај другите активности се избира и најдобар читател за претходната година.
Годинава поради пандемијата на COVID19 која го зафати целиот свет, ЈОУ Библиотека ,,Искра,, на 23 април не беше во можност да го организира настанот бидејки во тој период уште немаше протоколи за организирање на културни настани. Тогаш, само беа избрани најдобрите читатели според однапред определени критериуми (од кои најважни се бројот на прочитани книги и редовноста при нивното враќањето). И беа објавени на fb страната на библиотеката.

orizari.jpg
Во 2020 -та е избран 22 декември, кога е роденден на основоположникот на современата македонска поезија Кочо Рацин. За да се збогати програмата за избор на најдобар читател беше организирана работилница под име ,,Рациновата поезија низ годините,,.
Најпрвин беше направено истражување за животот и делото на Кочо Рацин, а потоа сето тоа беше ставено на паноа кои библиотеката ги подари на ОУ Крсте П.Мисирков.

orizari2.jpg
Оваа година најдобар читател во категорија за возрасни е Петре Стаменков, а меѓу децата е Кристина Ивановска.
„Продолжете со истото темпо и сите да се огледаме на нив бидејки тие го избраа најдобриот начин на забава во време на пандемија-ЧИТАЊЕ КНИГИ, изјавил, Румена Тодорова, претставник во оделението на Библиотеката „Искра“ во населбата Оризари.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)