Сестрите Мицовски и докторката Охомуш нај-читатели во 2019 - та

08 Дек 2020
822 пати

Ана и Лина Мицовски и докторката Јаворка Охомуш се читателите што прочитале најмногу книги од кочанската

Библиотека „Искра“ во текот на 2019 –та година.
Ана и Лина се нај-читатели меѓу учениците, а Јавоврка Охомуш меѓу возрасните. Изборот го направи Библиотеката „Искра“ и вчера на мала свеченост им ги додели признанијата.
Докторката Охомуш рече дека и самата не знае колку книги има прочитано во текот на изминатата година, бидејќи тоа и причинува огромно задоволство. „Обично читам две книга неделно, сега во ова време-невреме со короната, по три неделно“.

1.jpg

Сестрите Ана и Лина Мицовски се ученички во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари. Срамежливо ни кажаа дека читањето е дел од нивното ученичко секојдневие. Читаат различни жанрови на литература.

2.jpg

Библиотеката „Искра“ традиционални ги доделува признанијата за најдобри читатели на годината по повод 23 Арил, Денот на книгата и авторското право.

3.jpg

Годинава поради пандемијата оваа традиција се одложи и прзнанијата се доделија во очи на празникот Свети Климент Охридски.

 

Оценете ја оваа вест
(2 гласови)