Стефоска во Виница – Ќе го заштитиме нашето културно наследство

21 Ное 2020
167 пати

Во официјална посета на општина Виница вчера беше министерката за култура, Ирена Стефоска, која

покрај разговорот со градоначалникот Ивица Димитров, ги посети и Домот на културата ,,Тошо Арсов”, како и музејот ,,Теракота”.
,,Со министерката разговаравме во делот на приоритетите кои ги имавме во областа на развојот на културата. Акцент дадовме на културните институции во Општината кои што ги имаме, а тоа е она што го планираме како Општина во текот на следниот период. Најголем акцент дадовме на реконструкција на Кино салата, а потоа на проект за проширување на музејот ’Теракота’, како и на санацијата на Домот на културата ,,Тошо Арсов” во Виница”, изјави градоначалникот Димитров.
,,Со Градоначалникот и со директорите на погоре наведените институции се договоривме како со план и стратегија понатаму да соработуваме и чекор по чекор со избрани приоритети да ги решаваме наследените проблеми и пред се да го заштитиме нашето културно наследство”, рече министерката за култура Ирена Стефоска.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)