На 17.11.2020 година (вторник) со почеток од 12 часот, во Центарот за култура ќе биде отворена самостојна изложба на цртежи насловена „Колективна датабаза“

16 Ное 2020
194 пати

На 17.11.2020 година (вторник) со почеток од 12 часот, во Центарот за култура ќе биде отворена самостојна изложба на цртежи насловена „Колективна датабаза“, автор на овие цртежи е Марија Мицова Гацова од Кочани. Проектот е во годишната програма на НУЦК "Бели мугри" - Кочани финансиран од Министерство за култура на Република Северна Македонија и од Општина Кочани.

Марија Мицова Гацова е од Кочани.
Дипломирала 2001 год. на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на професор Рубенс Корубин.
Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Има остварено 3 самостојни изложби во Кочани, Штип и Струмица. Учесник е на повеќе групни изложби,манифестации и ликовни колонии.Има реализирано едукативни работилници во соработка со НУ Археолошки Музеј нарепублика Северна Македонија.Активно учествува на групни изложби од 2000 год. во Скопје, Белград, Њујорк, Софија, Пловдив, Лукавац, Куманово, Прилеп, Штип, Виница, Свети Николе, итн.
Награди:
1996 - Награда „Ѓорѓи Зографски“ во средното уметничко училиште,
2018-Награда „Адем Кастрати“ на изложбата ликовно творештво МАЛ ФОРМАТ
2020 - Награда за најдобар Цртеж – експериментален цртеж доделена од Друштвото на ликовни уметници на Македонија -ДЛУМ.
Работи како ликовен педагог во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ - Кочани.
Ова е второ самостојно изложување во галериките простории на НУЦК "Бели мугри" - Кочани. На изложбата ќе бидат изложени 9 кружни цртежи, 21 цртеж со правоаголна форма различни димензии, 3 објекти со висина 92 см. Преку овие дела авторката сака да реферира на неколку прашања: на кој нашин личноста е поврзана со искуствата на колективитетот? Дали се раѓаме со веќе изградени податоци - искуства од предците и дали сме слободни или нашиот избор е определен од таа колективна дата база?
м-р Александра Димитрова
стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн
*Бројот на посетители е ограничен
* Задолжително носење маски
* Задолжителна дезинфекција при влез
* Задолжително мерење температура на влез
ВЕ МОЛИМЕ ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ МЕРКИТЕ Н ПР3ЕПАЗЛИВОСТ !!!

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)