Виница – Изложба на ракотворби од Здравкова

14 Ное 2020
56 пати

На 11 – ти овој месец без класично отворање поради ситуацијата во која се наоѓаме, во изложбениот салон во

ДК “Тошо Арсов” во Виница поставени се изработки од авторот Јадранка Здравкова под наслов “Милје во рамка”.
„Здравкова прави прекрасен спој на народната со современата уметност и во време во кое се занемарува и не се вреднува рачната изработка, 30 ракотворби се инспирација за дела кои ќе дадат обележје на едно минато на нашите мајки и баби. Плетени од различни жени, пренесувани од колено на колено за авторот да добие инспирација истите да бидат трајно зачувани и да добијат друга димензија со коja повторно ќе оживеат“. – изјави Благица Стојановска-стручен соработник за визуелни уметности во виничкиот ДК.
Проектот е реализиран со финансиска подршка од Министерство за култура. Спонзори на изложбата се Орбита ДООЕЛ од Виница и Са - Мо Биоантура од Блатец.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)