Викај ура – Започнува ДАФ

07 Сеп 2020
162 пати

Во специфични услови на пандемија овогодишното издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија – Кочани 2020 започнува вечерва.

Во 20 часот на Споменикот на слободата прва претстава што ќе биде одиграна е монодрамата „Лидија или се што знам за жените“ на Тетарската работилница од Прилеп. Автор на оваа претстава е Тихомир Јанчовски, додека адаптацијата, режијата и сценскиот настап се потпишани од Игор Трпчески Трпче.


Токму DSC01082,2.jpgзатоа денеска се одржа прес конференцја на која беше најавено 57 – то издание на најзначајната за драмските аматери кај нас фестивалска манифестација.
Останатите претстави и придружни содржини на ДАФ се планирани за викендите во текот на овој месец и во првата недела од октомври.


ИзбоDSC01080,1.jpgрот на претстави го направи актерот Горан Додевски, а како што на пресот рече претседателот на Собранието на Даф, Дарко Спасов, оваа година нема да се доделуваат награди.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.