Денес се одбележуваат 117 години од смртта на револуционерот Гоце Делчев

04 Мај 2020
137 пати

На две значајни личности од нашата историја на денешен ден во 20. век им згаснаа животите.

Пред 117 години, на 4 мај 1903 година, кај Баница, Егејска Македонија, загина големиот македонски револуционер Гоце Делчев. На 4 мај 1980 година, пак, во Клиничкиот центар во Љубљана почина Јосип Броз Тито, претседател на СФРЈ и водач на партизанската војска во Народно-ослободителната и антифашистичка борба во Југославија во Втората светска војна.

Гоце Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

По убиството во 1903-та, неговите посмртни останки се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

 

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.