Почна реконструкцијата на Мултикултурниот центар во Кочани

23 Јан 2020
304 пати

По завршените подготовки за градежни активности, деновиве започна со реконструкцијата

и адаптацијата на Мултикултурниот центар во Кочани.
Во тек е уривањето на таванскиот дел и на ѕидовите од вториот кат, како и транспортот на срушениот материјал. Градежните работи што следуваат опфаќаат хидроизолација, комплетно нов водовод и канализација, нови ПВЦ врати и прозорци, целосна промена на кровот, термичка фасада, молеро-фарбарски работи, оспособување на таванскиот простор за потребите на Центарот, нови подови, промена на осветлувањето на објектот, нова сигурносна и видеоопрема, противпожарна и громобранска инсталација. Изведувач на градежните работи е „Анол импекс“ од Скопје.
Со реализација на овој проект ќе се направи осовременување на постојниот Мултикултурен центар и ќе се обезбеди развој на креативниот туризам.
Реконструкцијата на Мултикултурниот центар е во рамките на реализацијата на проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“, каде водечки партнер е Центарот за развој на Источниот плански регион, заедно со општина Гоце Делчев од Бугарија, која се јавува како втор проектен партнер.
Проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“ е финансиран од ЕУ, во рамките на вториот повик на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.