Божиќна честитка од градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев

08 Јан 2020
165 пати

На сите православни верници им го честитам Божиќ, големиот христијански празник посветен

на Христовото раѓање.
Празнувањето кое го сплотува семејството нека биде поттик за добрина, љубов и мир на сите.
Постапувајќи со другите така како што сакаме да се постапува кон нас, создаваме хармонија, заедништво, разбирање и меѓусебно почитување. Така градиме мостови што обединуваат и верба за просперитетна иднина.
Среќни божиќни празници!
Николчо Илијев,
градоначалник на Општина Кочани

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.