Промоцијата на делото „Богатство запишано во времето“ ќе ги отвори „Деновите на кочанскиот

30 Сеп 2019
106 пати

Со промоцијата на втората книга од едицијата Богатство запишано во времето од Киро Герасимов, вечерва

започнува 28. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.
Делото содржи 43 репортажи, новинарски записи и белешки за настани, луѓе, места од минатото на Кочани, претходно објавени на различни локални и национални медиуми. Посебно место во книгата Герасимов им отстапува на кочанци кои со својата мисла и дело оставиле вистински траги во локалната историја. Записите за нив се оригинални, пренесени автентично, според нивните раскажувања.
Во оваа книга се запишани и настани од театарското живеење на Кочани, а простор им е отстапен и на здравствените работници и на спортистите преку нивните клубови.
Книгата ги чува и фолклорните традиции на кочанците и Македонците во Словенија, опишани преку работата на Македонското фолклорно друштво „Илинден“.
Втората книга „Богатство запишано во времето“ на авторот, новинар и публицист Киро Герасимов е отпечатена со средства од Програмата за култура на Општина Кочани за 2019 г.
Промоцијата ќе се одржи во Салонот на кат во Центарот за култура „Бели мугри“, со почеток во 19 ч.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.