Свечена седница на Советот на Општина Кочани - Драган Петров добитник на наградата за животно дело

07 Сеп 2019
60 пати

Драган Петров, постхумно, ја доби наградата за животно дело, највисокото признание што го доделува

Општина Кочани по повод 7 септември, Денот на ослободувањето на градот. Свечената седница се одржа синоќа во фоајето на ЦК „Бели мугри“.
Драган Петров е магистер по економски науки и некогашен директор на „Нова трговија“, идеен творец и реализатор на изградбата на Трговскиот центар во Кочани, кој во моментов е централно место на социјалниот и забавен живот во градот. Признанието и беше врачено на сопругата на Петров, Верка Петрова.
Наградата за значајни остварувања во развојот на Кочани во претходната година отиде во рацете на амбасадорката на Швајцарија во Македонија (добитник на признанието е Амбасадата на Швајцарија), Сибиле Зухер Техада, чија држава овозможи грант од 21 милион франци со кои се изгради Пречистителната станица за отпадни води кај Мојанци.
Освен двете главни награди, Општината додали и други признанија и благодарници за МЕД, пожарникарите од регионот, за пожарникар кој спаси давеник...
На свечената седница на Советот на Општина Кочани одржана синоќа по повод Денот на ослободувањето на градот присуствуваше, покрај другите гости, и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, како и заменикот министер во Министерството за локална самоуправа, Дејан Павлески.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.