Свежо цвеќе и почит кон илинденците

02 Авг 2019
95 пати

Во пресрет на големиот македонски празник – Илинден, вчера делегации од Општина Кочани, Сојузот на борците од НОВ и од политички партии положија свежо цвеќе на Споменикот

на Слободата и на Спомен-обележјето на Никола Карев во месноста Свиланово.

– Славејќи ги двата Илиндена, од 1903 и од 1944 година ги спојуваме стремежите на старите и новите илинденци кои нè водеа по патот за создавање на нашата современа држава. Илинден е мотив за сите генерации нашата држава да ја градат како заеднички дом на сите граѓани без разлика на верската, националната и етничката припадност. На сите граѓани им го честитам Денот на Републиката и им посакувам просперитетна иднина – порача градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.
Во месноста Свиланово, на спомен-обележјето на претседателот на Крушевската република Никола Карев, присуствуваше и делегација од Општина Чешиново-Облешево, со градоначалникот Горанчо Крстов.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.