На Петровден ќе го проследите концертот „Музички одблесок“

11 Јул 2019
137 пати

Концертот „Музички одблесок“ со примадоната Славица Петровска-Галиќ, тенорот Влатко Груевски и пијанистот Андреј Наунов

е в петок, на 12 јули во Центарот за култура „Бели мугри“ од 19:30 ч.
На програмата се најпознатите италијански канцони - мелем за душата и увото на слушателот: „O, Sole mio“, „Santa Lucia“, „Non ti scordar di me“, преку музиката на шпанската уметност, па сѐ до најпознатите арии за сопран и тенор од светската литература, меѓу кои: „Quando men vo“, „La dona e mobile“ и др. За крај се едни од најпознатите дуети, меѓу кои и познатата тема „Time to say goodbye“.
Програма составена за уживање и момент што ќе посакате да трае.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.