Започнаа Петровденските конаци – Синоќа концерт на „Виварт“, вечерва интерактивна изложба

06 Јул 2019
211 пати

Со концертот „Танго звуци“ на музичкиот состав „Виварт“ синоќа започна овогодишното издание на манифестација

„Петровденски конаци“ што ја организираат Центарот за култура „Бели мугри“ и Општина Кочани. Концертот на камерниот ансамбл, составен од Александра Коцевска – мецосопран, Билјана Петровска – пијано, Милена Тодороска Мургоски – виолина и Зоран Павловски – контрабас, се одржа на Летната сцена на Националната установа од Кочани.
Петровденските конаци ги отвори градоначалникот Николчо Илијев.
„ Со намера да ја освежиме традицијата на овој празник, веќе по 13 – ти пат Општината заедно со ’Бели мугри’ и Министерството за култура ја организираат куилтурната манифестација Петровденски конаци. Со оваа манифестација сакаме Кочани да го исполниме со духот на традицијата и преку културното- уметничката програма да ги споиме исконското и современото“, нагласи Илијев.

Паралено со концертот на „Виварт“ синоќа на сцената се одвиваше ликовен перформанс со Андријана Мациев.
Петровденските конаци продолжуваат вечерва во 20 часот со интерактивна изложба на Надица Атанасова која ќе се одржи во салонот на „Бели мугри“, додека во 21, 30 часот следува ликовната колонија со интерактивен перформанс.
Петровденските конаци завршуваат на 12 јули со концерт на Влатко Стефановски - Трио

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.