Светот на Дизниленд – Почувствувај ја магијата

08 Јун 2019
658 пати

Тимот на Амичи на професионален начин и овој пат, традиционално ја воодушеви публиката. Со претставата

го одбележа крајот на учебната година и докажа дека продолжува со интензивна работа и посветеност што гарантира успех за во иднина. Посетителите беа презадоволни и уживаа во програмата што Амичи ја реализираше со љубов, измамувајќи детски насмевки.
Се почувствува дека Дизниленд е во Кочани. Го донесоа талентираните дечиња од Амичи. Се чувствуваше магија иста како онаа што Волт Дизни ја пренесуваше преку своите прекрасни приказни. Преку игра, танци и невини детски насмевки влеговме во светот на бајките. Ивозрасни и деца и стари и млади, публиката заедно со актерите на сцената ја почувствува магијата, се „внесе“ во светот на: Мики Маус, Петар Пан, Мери Попинс, Пепелашка, Аладин, 101 Далматинец, Зоро, Снежана и 7 – те џуџиња, Последниот еднорог, Заспаната убавица и др.
Амичи – ти посакуваме уште долги години да ни ги пренесуваш своите волшебства !

Оценете ја оваа вест
(5 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.