Одбележани 92 години од раѓањето на Ристо Јуруков

05 Јун 2019
164 пати

Основното музичко училиште во Кочани ја одбележа 92-годишнината од раѓањето на својот патрон и основач,

Ристо Јуруков. Кочанското, како едно од најстарите музички училишта во државава, по тој повод приреди концерт на најуспешните ученици во генерацијата.
– Наставниот кадар и учениците во оваа образовна институција, во Јуруков гледаат водилка во образувањето и културното надградување. Тој во 1956 година почетно го екипирал наставниот кадар, обезбедил инструменти, ученици, а со неговото пошироко дејствување ги поставил темелите на музичката култура и уметност во Кочани. Ние сме благодарни што денес сме училиште-расадник на музички таленти – вели Јованка Милојевиќ, директорка на Музичкото училиште.
На патроното празнување, за ученик на генерацијата беше прогласена Јована Крстовска, а награди за истакнати ученици добија Ана Јорданова и Михаил Митев.
Концертот заврши со настапот на виолина на ученикот Иван Милосов, кој неодамна свиреше со Националната филхармонија.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.