Поздравно обраќање на градоначалникот Николчо Илијев до матурантите

20 Мај 2019
436 пати

Почитувани матуранти, деновиве, вие, учениците од четврта година од двете средни училишта во Кочани,

заокружувате еден циклус од своето образование, чија круна е матурирањето.
Овој чин, ве внесува во светот на зрелоста, во светот на возрасните и уште повеќе ја истакнува вашата лична и општествена одговорност. Овој чин ве носи на крстопат, кон нови животни патеки и предизвици.
Почитувајќи ја вашата младост, креативност, инвентивност и способност да напредувате, ви посакувам, лесен чекор во зрелоста, совладување на сите тешкотии и предизвици. Посакувам во животот да градите мостови на пријателство, соработка и разбирање! Верувам во вас и ве гледам како креатори на нови успеси и достигнувања.
Матурските прослави поминете си ги во радост и пријатно расположение, но не заборавајте притоа да бидете совесни и внимателни и кон себе и кон другите. Матурската забава нека ви остане во пријатен незаборав.
Вие сте нашата иднина, затоа, бидете добар пример за идните генерации.
Од мое лично име и од името на сите сограѓани, ви го честитам матурирањето и ви посакувам уште многу успеси.
Градоначалник,
Николчо Илијев

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.