Промоција на романот на годината – „Некој бил тука“ од Николина Андова Шопова

13 Мај 2019
91 пати

В среда, 15 мај, со почеток во 13 ч. во Изложбениот салон во Центарот за култура Бели мугри ќе биде

промовиран романот на годината „Некој бил тука“ од Николина Андова Шопова.
Делото ќе го промовира Фросина Пармаковска, минатогодишна лауретка на Наградата, а извадоци од романот „Некој бил тука“ ќе читаат ученици од Средното општинско училиште „Гошо Викентиев“ и Мери Каровска од Фондацијата „Славко Јаневски“.
Во официјалниот дел ќе бидат претставени и изданијата „Село зад седумте јасени/Стебла“ на Славко Јаневски и првиот број на списанието „Архив Јаневски“.
Настанот го организира Општина Кочани во соработка со Фондацијата „Славко Јаневски“, Центарот за култура „Бели мугри“ и СОУ „Гошо Викентиев“.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.