Во Кочани се одржа Регионален натпревар на училишни хорови и оркестри

24 Апр 2019
136 пати

Хоровите на основните училишта Св. Кирил и Методиј и Никола Карев и мандолинскиот оркестар на

ОУ Никола Карев“освоија први места и ќе го претставуваат регионот на Државниот натпревар што традиционално се одржува во Кавадарци.

Ова се резултатите од Регионалниот натпревар на училишни хорови и оркестри што се одржа во ОУ „Св. Кирил и Методиј“, а на кој настапија девет хорови, седум оркестри и вокални солисти од Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево.

Според Жаклина Стојчева-Јорданова, наставник по Музичко образование, овој натпревар ја прикажува работата и постигнувањата на музички план во основните и средните училишта од овој регион, ја подобрува комуникацијата и дружењето меѓу учениците и ја засилува љубовта кон музиката кај младите воопшто.

Натпреварот го организираше Здружението на музички педагози на Република Македонија со поддршка на Бирото за развој на образованието.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.