Одбележан Светскиот ден на книгата и на авторското право

24 Апр 2019
83 пати

Со читање на светската и на македонската порака, Библиотеката Искра од Кочани го одбележа Светскиот ден на

книгата и на авторското право.

Одре Азуле, генералниот секретар на УНЕСКО, кој годинава ја напиша светската порака ги нарекува книгите прозорци кон нашата душа и пат кон заемното почитување и соработка меѓу луѓето, независно од границите и различностите.

„Книгите се наши сојузници во ширење на образованието, науката, културата и информацијата насекаде во светот. Книгите се, исто така, форма на културно изразување кое им дава живот на јазиците и се изразува преку нив. Секоја книга е создадена на посебен јазик, наменета за своите читатели. Така секоја книга е напишана, произведена, разменета, искористена во дадена лингвистичка и културна рамка“, стои во пораката на Азуле.

Режисерот Милчо Манчевски, автор на македонската порака, вели дека книгите му требале онака како што на птица ѝ треба воздух или на тревка ѝ треба сонце, дека книгите му помогнале да си ја поврати рамнотежата и да си го најде местото во светот.

На настанот во „Искра“ на највредните читатели, Ана Смилкова, деветтоодделенка од ОУ „Никола Карев“ и Афродита Кукудис Ковачевска, кои позајмиле над 200 книги за една година, им беа доделени награди. Членови на Литературниот клуб „Копнеж“ читаа своја поезија.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.