Во кочанската детска градинка започна практична едукација на најмладите за органско производство

12 Апр 2019
78 пати

Со проектот „Екоградини во детските градинки“ од програмата Еразмус плус, денеска во Детската градинка

„Павлина Велјанова“ во Кочани започна практичниот дел – едукација на децата за органско производство, со селектирање и компостирање на органскиот отпад.
Според Зоран Стоилков, ескперт во проектот за добивање компост од органска маса, се работи за мошне корисен проект за стекнување навики кај најмладите како да се однесуваат кон органскиот отпад.
– Македонија е земјоделска земја, овде имаме хиперпродукција на органски материјал, кој за жал, завршува на градските депонии. Овде сме да им покажеме на најмладите како се добива тој органски материјал, како се селектира, компостира и на крајот како органското ѓубриво се употребува во детските градини. Децата ќе учат како се засадуваат растенијата во органскиот материјал, едукација што ќе им користи и во иднина – изјави Стоилков.
Овој дел во проектот има и натпреварувачки карактер. На крајот, со симболични награди ќе се награди најдоброто растение, најдоброто овошје, што ќе придонесе за мотивација на децата.
Во проектот што ќе се реализира до 2020 година се вклучени градинки од Македонија, Хрватска и Бугарија.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.