Танчева – Златева : „Патот“ е поезија што произлегува од животот“

22 Мар 2019
250 пати

Виолета Танчева – Златева вчера во ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани ја претстави својата поетска збирка,

„Патот“, со која ја доби престижната награда за најдобра поезија во 2018 година, што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија.
„Станува збор за поезија која не е академска. Тоа е поезија што поизлегува од животот што го живеам јас и сите во Македонија, поделена во три циклуси Патот кон себеси, Патот кон другиот и Патот кон љубовта. Во песните зборувам на многу едноставен јазик“, рече Танчева - Златева пред новинарите.
За поетската збирка „Патот“ во кочанската Библиотека „Искра“ зборуваше Јованка Денкова, професорка на Филолошкиот факултет во Штип, на Катедрата за македонски јазик и книжевност.
Танчева – Златева е плоден македонски писател, досега има издадено два романи, повеќе кратки раскази и неколку збирки поезија.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.