ДНК го најавува новиот сингл со наслов „Север и југ“

08 Окт 2014
1425 пати

„Север и Југ” – тоа е насловот на новиот сингл, кој на крајот на месец

Октомври, ДНК ќе го промовираат пред македонската публика. Интересен наслов, кој носи и новитет во однос на она што досега момците го работат и го презентираат – за првпат, Панчо ќе запее заедно со Андреј, на огромно инсистирање на нивниот долгогодишен продуцент и соработник, Лазар Цветкоски. Изминатата недела, Панчо и Андреј ја минаа на интересни локации, каде се снимаше спотот за песната.

„Како што е и насловот на песната, и приказната во видеото е вистински Север, наспроти Југ. Јас снимав на Козјак, место кое дефинитивно остава без здив. Андреј остана „на земја”, во Скопје и низ улиците на главниот град. Ова е нешто ново, поразлично од ДНК. Се работи за балада, на која покрај Андреј, на инсистирање на Лазар Цветкоски, ќе запеам и јас, па искрено се надевам дека тоа ќе и се допадне на публиката. Планот е „Север и Југ” да излезе на крајот на октомври, заедно со видео записот”, изјави Панчо по снимањето на последните кадри за „Север и Југ” на Козјак.

Новиот сингл е дело на веќе проверениот тим – музиката ја напишаа Лазар Цветкоски и Панчо, текстот е на Панчо, додека аранжманот го направи Цветкоски. Во спотот, кој го изработи долгогодишниот соработник на ДНК, Томато Продукција, за првпат се појавува Кристина Максимоска, модел на Мак Моделс кој одлично се вклопи во целата приказна. Оваа убава девојка, покрај вокалот на Панчо, е вториот новитет кој сигурно сите ќе ги изненади, а посебно машките фанови на ДНК.

Песната „Север и Југ” од ДНК, ќе ја доживее својата официјална промоција на крајот на месецов, заедно со видео записот, кој сигурно ќе донесе топли јужни ветрови пред северно студената зима која не очекува.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.