„Богатство запишано во времето“. Настанот се одржа во Библиотеката „Искра“, присутни беа новинарите од локалните медиуми.
Книгата е составена од шест дела во кои, во епицентарот на нештата се Кочани и Кочанско низ педесетина репортажаи и стотина слики објавени во разни медиуми. Книгата на впечатлив начин го отсликува она што Герасимов го работел во својата новинарска и истражувачка четириесет годишна кариера, а се однесува на целокупниот општествено-историски развој на Кочани, со сите настани и личности, кои тој ги смета за значајни..
Според рецензентот на „Богатство запишано во времето“, м-р Љупка Стојменова, оваа книга во иднина ќе претставува појдовна основа за многумина кои ќе се занимаваат со истражувањето на Кочани и Кочанско.