Во конкуренција за наградата „Роман на годината“ 36 романи

31 Јан 2019
208 пати

На годинашниот јубилеен 20-ти конкурс за престижната награда „Роман на годината“ пристигнаа дури 36 романи.

Како што соопштуваат од Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, која ја доделува оваа награда, жири-комисијата во состав Фросина Пармаковска, минатогодишна лауреатка на ова признание и воедно претседателка на жири-комисијата, Богомил Ѓузел, Сашо Прокопиев, Елизабета Баковска и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата) констатираше дека освен по обем, годинава продукцијата се одликува и со несомнен квалитет.
Според правилникот на наградата, Фондацијата ќе го соопшти годинашниот добитник најдоцна до 15 март. Жири-комисијата во овој период ќе направи неколку селекции на романите. Наградата е единствена и неделива и се состои од паричен износ од 150.000 денари, плакета и статуетка.
Од Фондацијата исто така информираат дека извадоците од романите ќе се објавуваат на сајтот okno.mk, почнувајќи од 1 февруари.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.