Македонија го одбележува роденденот на Тоше Проески

25 Јан 2019
127 пати

Денеска, 25 јануари, роденденот на најголемата македонската музичка ѕвезда Тоше Проески, традиционално ќе

бидат одржани голем број хуманитарни, музички и спортски настани.
Споменот на македонскиот ангел, кој трагично го загуби животот на 16 октомври 2006 година во сообраќајна несреќа во Нова Градишка, Хрватска, го чуваат и неговите обожаватели од регионот, но и од целиот свет, кои постојано го посетуваат неговото вечно почивалиште во родното Крушево, а голем број од нив најавија дека и годинава ќе дојдат.
Традиционално, на 25 јануари, по петнаесетти пат ќе биде организирана голема крводарителска акција посветена на Тоше Проески, кој, освен со својот глас, ги усреќуваше луѓето и со својата хуманост.
Според најавите, откако ќе биде положено свежо цвеќе на вечното почивалиште на Тоше на Гумење, во 12 часот со настап на Сотираки Чакалар ќе почне манифестацијата во „Спомен-куќата на Тодор Проески“.
Гостите ќе ги поздрават градоначалникот на општината Крушево, Томе Христоски, и директорката на установата, Елена Мирчевска, а ученици од СОУ „Наум Наумовски-Борче“ ќе читаат извадоци од песни на Тоше. Во текот на манифестацијата ќе се одвива и креативна работилница, со учество на ракотворци од Битола, а ќе бидат доделени и награди и благодарници. Со свои музички точки ќе настапат Марија Котеска и Елена Ристеска.
Исто така во „Планет“, омиленото кафуле на Тоше, во Крушево ќе се одржи хуманитарна вечер за помош на социјално загрозена мајка со четири деца. Роденденот на Проески ќе биде одбележан и во Битола, каде што на 26 јануари, во Центарот за култура ќе се одржи концертот „Засекогаш во срцата“, со учество на Камерниот оркестар и познати македонски пејачи, кои ќе изведат дел од најголемите хитови на Тоше. На концертот ќе настапат: Елена Ристеска, Наде Талевска, Ѓоко Танески, Димитар Андоновски, Антонија Гиговска, Бојан
Стојков, Елена Петреска, Тамара Стојковска и Ана Гаштарова.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.