Виница - На 6 јануари Бадникова поворка

31 Дек 2018
118 пати

Неочекувано голем број на деца, околу 200, активно се приклучија во подготовките за првата официјална Бадникова поворка која ќе се оддржи на

6-ти јануари . Храмот “Св.Архангел Михаил“ е збирното место во кое секоја недела се организираат проби и оттука се очекува и да започне поворката.
Покрај децата, активно се вклучени и мајките кои учествуваат во изготвувањето на божиќните ѕвезди кои практично ќе ја симболизираат ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус . А според најавите од организаторите, Бадниковата поворка ќе се движи на релација Храм “Св.Архангел Михаил“ по главната улица “Маршал тито“ и Булеварот, а ќе заврши пред храмот СВ.ЛУка“.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.