Пенче Кралев квинтет ги воодушеви виничани со двочасовен џез концерт

25 Дек 2018
116 пати

Пенче Кралев квинтет, комбинација на млади музичари, студенти на музичкиот отсек во Штип, на одделот за џез

студии, амбициозни, надежни, и пред се одлични за уво. Цели два часа со одличен џез избор ја почестија виничката публика, во неделата вечерта.
- Настапуваме насекаде низ државата, ова е прв настап, ова е како проект, концертот е поддржан од министерството за култура, изјави Пенче Кралев
Публика за џезот има во Македонија, но пари нема, или субвенција од државата или надвор од неа, дециден е тој.
После овој концерт, на предновогодишниот репертоар на домот на културата е уште еден концерт на класична музика задутре на кој ќе настапат Марија Максимова на пијано и сопранот Виолета Арсовска.

Пенче Кралев е студент на музичката академија „Гоце Делчев“ во Штип при одделот за џез студии. Членува во неколку музички состави како Shikachi Ensemble, In Between...
Досега има настапувано со повеќе џез артисти од дражавата.
Неговиот квинтет го сочинуваат Ристе Трајковски (алт саксафон), Филип Стошич (тенор саксофон), Драган Теодосиевски (Тапани), Благоја Глигоровски (гитара) и Пенче Кралев ( Контрабас), кои исто така се студенти на музичката академија во Штип. Квинтетот ке изведе дела коишто се авторски композиции на Пенче Кралев и неколку композиции на познати џез атристи.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.