В сабота – Концерт во организација на кочанското здружение на пензионерите

14 Дек 2018
130 пати

Здружението на пензионери на Кочани во рамките на својата годишна прпограма за култура утре, сабота,

ќе го реализиора концертот на народна музика, песни и ора кој традиционално, секоја година во средината на месец декември се реализира како завршна активност на богатата програма и активност во текот на годината која изминува.
На концертот се очекува настап на Фолклорните анасамбли и групи кои работат во состав на Здруженијата на пензионери на Кавадарци, Куманово, Прилеп, домакинот Кочани, а за прв пат годинава ќе настапат членовите на Фолклорниот ансамбл од Здружението на пензионери на Лесковац од Република Србија. Според изјавата на Ѓорѓи Серафимов, претстедател на кочанското пензионерско здружение, концертот ќе се одржи во големата сала на Центарот за културата „Бели мугри“ во Кочани со почеток во 11 часот. За сите посетители на концертот да кажеме дека салата е затоплена, а влезот е слободен.
Традиционалниот новогодишен концерт на пензионерите е убава можност да се проследат постигањата на луѓето од третото доба на полето на културата, посебно фолклорот, музиката и песната.

К. Герасимов

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.