Веселинов избран меѓу десетте европски актери во подем

12 Дек 2018
446 пати

Кочанецот, Благој Веселинов, ѕвездата на „Исцелител“, се најде меѓу десетте европски таленти во подем за

2019 година, што веќе 22 години ги избира платформата Европска филмска промоција.
Триесет и четиригодишниот Веселинов по тој повод ќе ја добие наградата „Шутинг старс“, што традиционално се доделува за време на Берлинскиот филмски фестивал, чие следно издание ќе се одржи од 7 до 17 февруари.
„Благој Веселинов целосно го импресионираше жирито со својата изведба во ‘Исцелител‘ на Ѓорче Ставрески, проткаена со длабока и неочекувана чувствителност. Настапот на Веселинов е умно и контролирано смирен и суптилен, покажувајќи ја својата искрена врска со ликот. Со нетрпение очекуваме да видиме што ќе направи следно!“, се вели во појаснувањето на изборот.
Од премиерата во ноември минатата година, „Исцелител“ беше награден на девет фестивали и е македонски кандидат за Оскар.
Покрај Веселинов, „Шутинг старс“ за 2019 се и млади актер(к)и од Ирска, Шведска, Полска, Данска, Германија, Норвешка, Исланд, Србија и од Естонија.
Претходни добитници на оваа награда од Македонија се Лабина Митевска и Наташа Петровиќ.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.