Одбележување на 3 декември, Меѓународен ден на лицата со попреченост

03 Дек 2018
81 пати

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, претставници од Општина Кочани денеска во 11:30 ч

. ќе ги посетат децата од специјалната паралелка во ОУ „Малина Попиванова“, каде ќе присуствуваат и децата згрижени во Дневниот центар за деца со попреченост.

Во 13 ч. ќе се одржи средба и во Клубот на „Мобилност“, Меѓуопштинско здружение на лица со телесен инвалидитет од Кочани, Виница, Берово и Делчево.

По повод празникот, Општина Кочани обезбеди соодветна поддршка, како на членовите на Здружението, така и на учениците од „Малина Попиванова“.

Според нацрт-буџетот за 2019 година, Општина Кочани ги зголемува средствата за Програмата за остварување на социјална заштита за близу 50 %, од кои се планирани средства и за поддршка на лицата со попреченост.

Општина Кочани

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.