Филмскиот фестивал за млади „Џифони“ доаѓа во Кочани

16 Ное 2018
252 пати

По завршувањето на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“, кој се одржа минатиот месец во

Скопје, продолжува патувачкиот дел во градовите низ Македонија, под наслов „Џифони патува“.
На 16 и на 17 ноември „Џифони“ ќе допатува во Кочани. Фестивалот кој ќе се одржи во салата на Мултикултурниот центар, а ќе го отвори градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев. Два дена младите од Кочани, ќе гледаат филмови, ќе дебатираат под водство на актерката Нина Максимова, која ќе биде ментор и на актерската работилница.
Преку филмската програма, дебатите и креативните активности, тимот на фестивалот „Џифони Македонија“ се стреми неформално да влијае врз едукацијата на младите во областа на филмот и културата и да ги потенцира естетските вредности на филмот, а преку дискусии – да се развиваат способностите кај младите за дебатирање.
Фестивалската програма „Џифони патува“ се одржува со финансиска поддршка на Агенцијата за филм, Фестивалот „Џифони експиринес“ од Италија во соработка со Општина Кочани и Италијанската амбасада во Скопје.
Отворањето на Фестивалот е во 10 ч. во салата на Мултикултурниот центар во Кочани.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.