Промовирано делото „Развојните фази на играорните ансамбли во Кочанско Поле“ од Жаклина Стојчева-Јорданова

09 Окт 2018
372 пати

Во петокот, во ОУ „Свети Кирил и Методиј“ во Кочани беше промовирано делото „Развојните фази

на играорните ансамбли во Кочанско Поле“ од Жаклина Стојчева-Јорданова.
Како музичар и член на повеќе фолклорни друштва, Стојчева-Јорданова ја истражувала и ја публикувала историјата на играорните состави од Кочанско.
– Играорните ансамбли се чувари на нашата орска традиција и тие се заслужни за она што го имаме денес. Тие имаат голема улога како значен репрезентативен сегмент од нашето музичко минато, но и во социјално-воспитниот процес, затоа што тие претставуваат колективна заедница со значаен квантум активности со уметнички квалитети – истакна Стојчева-Јорданова на промоцијата.
Делото го промовираа професорите по етнокореологија на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Родна Величковска и Владимир Јаневски, а на промоцијата беше претставена машка и женска народна носија од Кочанско и беше изведено оро од ветерани на Фолклорниот ансамбл „Кочани“.
Издавањето на делото е со финансиска поддршка од Општина Кочани во висина од 40 илјади денари, средства од Програмата за култура.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.