Концерти на летната сцена и проекција на „Исцелител“ на „Нов Град 2“

05 Окт 2018
327 пати

Вечер и утре во Кочани ќе се случува второто издание на манифестацијата „Нов Град 2“. И годинава

со акцент на новата независна македонска музичка и филмска сцена, настанот ќе биде поделен на две вечери. Вечерва во 21 ч. на платото на летната сцена во НУЦК „Бели Мугри“, премиерни концерти во Кочани ќе оддржат скопските групи „Милко“, „Александар Велики“ и кочанско-виничкото дуо „Ние“. Утре (сабота), со почеток во 19 ч., на спортското игралиште Горанчо Стојков – Вајчо во Сиви Дом, ќе има отворена промоција на филмскиот хит „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставревски.
Гостувањето на „Милко“ е еден од најзначајните концертни случувања во градот годинава. „Милко“ е еден од најдобрите концертни состави во Македонија и бенд кој суптилно е на врвот на македонската независна музичка сцена во последната декада. Постојат од 2008, свиреле во скоро сите поголеми градови во Македонија освен во Кочани. Имаат 3 албуми, неколку и-пија и издаваат за „Пи-Ем-Џи Рекордингс“. Нивната музика најчесто ја опишуваат како емоционален инди-рок, а според нив „сублимат на чувства, искуства и животни влијанија трансформирани во формат наречен музика.
Покрај нив настапува и „Александар Велики“ (проект на Александар Гавровски), нов бенд од Скопје кој годинава по успехот на првиоте два сингла „Плочи“ и „Свињи“ го издаде деби албумот „Првиот Македонец во вселената“, одлично отценет од македонската музичка критика. Вечерта ќе ја отвори деби концерт на кочанско-виничкото дуо „Ние!“ составено од 2 од 3 члена на групата „Анна О“.
„Исцелител“ во Кочани ќе се прикажува по 3ти пат, а досегашните две проекции ги проследиле над 600 луѓе. Настанот ќе биде одлична прилика за сите што не го гледале филмот а игралиштето во Сиви Дом е не случајно избрана локација за проекција и ќе биде еден вид лична проекција за комшиите на главниот актер во филмот Благој Веселинов.
Влезот и за двата настани е слободен. „Нов град 2“ е дел од манифестацијата „Нов Културен Бран“ на Министерство за Култура на Р. Македонија а е организира од здружението на граѓани „Икигаи“

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.