Марија Симеонова - жетварска убавица за 2018 година

28 Сеп 2018
683 пати

Седумнаесетгодишната Марија Симеонова, ученичка во гимназијата „Љупчо Сантов“ е избрана за жетварска

убавица за 2018 година. Таа ги освои гласовите на жирито кое одлучуваше на традиционалниот избор што се организира во рамки на културната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“.
Од дванаесетте девојки што учествуваа на годинашниов избор, за прва придружничка на жетварската убавица беше избрана Вања Дојчинова, а за втора Благица Христоска и двете ученички во „Љупчо Сантов“.
Во музичко-забавниот дел на изборот учествуваа членови на танчарската школа „Ит д` бит“ на кочанецот Илија Карадакоски и танцовиот клуб „Степ ап“ од Битола.
Трите најубави жетварки ќе учествуваат во обичајот зажнејување што во присуство на делгации од повеќе држави и амбасади ќе се изведе утре, 29 септември, на нива во Институтот за ориз во Кочани.
Во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ денеска се одигруваат натпревари од турнирот во баскет, а вечерва настапуваат Ouroboros, Драган Теодосиев квартет, Sethstat и Мирко Попов, како и тетовскиот музички состав Conquering Lion.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.