По повод Неделата на детето – Библиотеката „Искра“ ќе реализира повеќе програми

25 Сеп 2018
80 пати

ЈОУ Библиотека„Искра“-Кочани и оваа година активно се вклучува во одбележување на Неделата на детето.

Со цел да се афирмираат детските права и со цел да се зголеми свесноста кај децата за правото на образование, правото на нивно слободно изразување и нивна активна вклученост во креирањето во културниот живот во заедницата, ЈОУ Библиотека „Искра“- Кочани планира реализација на програмите „ Јас ги познавам своите права“ и „Книгата патува во домот на секое дете“. Учесници во програмата се децата од Големите групи кои се вклучени во воспитно-образовната програма на ЈОУДГ„Павлина Велјанова“ – Кочани.

Во текот на Неделата на детето ќе се реализираат пет едукативно-креативни работилници, а првата од нив е планирана на ден 01.10.2018 г., во просториите на библиотеката, со почеток во 10.30 ч.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.