74 години од ослободувањето на Кочани: Свежо цвеќе и почит за паднатите борци за слобода

08 Сеп 2018
161 пати

По повод 74-годишнината од ослободувањето на Кочани и 27 години од прогласувањето на независна и

самостојна Македонија, градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев вчера се сретна со претставници на Сојузот на борците од НОВ од Кочани и Виница.
На средбата се разговараше за моменти од поблиската историја на Кочани, за значењето на претстојниот референдум и за потребната заштита и рехабилитација на некои споменици и спомен-обележја во Кочани и Кочанско.
Во разговорите беше истакнато дека празничните средби на градоначалникот со преставниците од Сојузот на борците од НОВ се можност за координација на заеднички активности од јавен интерес.
По повод двата празника, делегации од Општината, Советот, Сојузот на борците и од Општинската организација на Социјадемократскиот сојуз положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на бистите на борците Љупчо Сантов и Раде Кратовче, а градоначалникот Илијев со празнична честитка до граѓаните упати желби за поубава иднина и просперитетна држава.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.