„Репетитор“ со концерт во Кочани

15 Авг 2018
200 пати

На 30 август, во „Аква клуб“ - Кочани ќе настапи „Репетитор“, рок и пост панк трио од Белград, Србија,

еден од најпроминентните млади бендови на Балканот.

„Репетитор“ верно го изработува нивниот звук кој е мешавина од хеви рокенрол, пост панк и сѐ помеѓу. Тие испорачуваат песни од крос-жанровски екстази, спакувани во моќна, интелегентна игра на инструменти, вокали и препознатлив ѕид на звукот што го создаваат заедно. Обидите да се најде директно музичко влијание може да се покаже како тешка задача, но внимателен слушател ќе препознае сличности со различни бендови, од раните Mudhoney, Šarlo Akrobata, Fugazi, Sonic Youth, Pixies и Nirvana se do Black Sabbath или дури Suicide. Може да звучи непомирливо на почетокот, но „Репетитор“ тоа го прави со леснотија и донесува звучно искуство кое тешко може да биде попријатно.

„Репетитор“ настапува низ целиот Балкан, на многу фестивали низ цела Европа (Sziget, Exit, Eurosonic, Pohoda, Europavox, Rock For People, Loftas, Stereoleto, INmusic, Waves Vienna, Botanique, и други), и дури во Кина и Москва.

„Репетитор“ дефинитивно ја претставува белградската гаражна алтернативна рок сцена. Можеби е прерано, но воопшто не е претерано, да се каже дека тие постојано стануваат дел од некое непишано поглавје за рок историјата и културата од регионот.

Локална поддршка на концертот на „Репетитор“ е групата Anna O. Концертот започнува во 22:30 ч., влезот е слободен. Покровител на настанот е Општина Кочани во соработка со „Аква клуб“ - Кочани.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.